Кајли Џенер отворено за пластичните операции: Користев само филери, и жалам поради тоа

Кајли Џенер ги отфрли тврдењата дека на нејзиното тело има направено пластични операции.

Во последната епизода на „Кардашијан“, американската ријалити ѕвезда и сопственичка на козметичката империја, разговарајќи за влијанието што таа и нејзиното познато семејство го имаат врз стандардите за убавина во денешното општество, Кајли им кажа на своите сестри, Кортни и Клои Кардашијан, дека нормално е понекогаш да се чувствувате несигуро.

„Секогаш се сеќавав како бев најсигурното дете во собата. Отсекогаш се сакав себеси – сè уште се сакам себеси – и една од најголемите заблуди за мене е дека бев несигурно дете кое имаше толку многу операции за да ми го смени целото лице, што не е точно.  Јас користев само филери. Не сакам тоа да биде дел од мојата приказна“, изјавила Кајли.

Во текот на разговорот признала и дека била жртва на претерано уредување фотографии.

„Ја поминав таа фаза, но сега се чувствувам подобро“.

Таа објасни дека колку и да сте самоуверени, другите луѓе сепак можат да ви всадат несигурност.

На пример, таа се присети како нејзиното семејство секогаш го исмејувало изгледот на нејзините уши кога била помлада, а Кортни и Клои не сфаќале колку тоа влијаело на неа.

На почетокот на оваа година, Кајли отворено рече дека жали што користела филери за усни, признавајќи дека посакувала никогаш ништо да не допрела.

„Да, сакам пополни усни и ги сакав, но растејќи секогаш бев најсигурната личност во собата. Јас бев девојката која ги забавуваше сите“, заклучила таа.

Scroll to Top