Една од најпопуларните серии во деведесеттите години „Тропска горештина“ ја одбележа кариерата на Роб Стјуарт, Керолин Дан и Иан Трејси. Ник Слотер, Силви и Спајдер беа популарни во времето кога се прикажуваше серијата, а во Србија дури и направија песна посветена на Ник Слотер.
Роб Стјуарт (Ник Слотер) по „Тропска горештина“ снима нискобуџетни филмови и серии. Пред две години ја доби главната улога во серијата „Килџојс“, која престана да се снима по две сезони.
Иан Трејси (Спајдер) со години добива епизодни улоги во мали серии и филмови. Најголем успех му е улога во филмот Open Range со Кевин Костнер.
Керолин Дан (Силви) се откажа од глумата по снимањето на серијата. Таа се пресели во Канада, во Нова Шкотска и отвори клиника за алтернативна медицина.