Силвестер Сталоне по 43 години од снимањето на филмот „Роки“, откри како бил снимен моментот кога актерот се подготвувал за боксерскиот меч и трчал по скалите низ Филаделфија. Овој филм премиерно бил прикажан далечната 1976 година, а холивудскиот актер Силвестер Сталоне ја игра главната улога на боксер.
Сталоне вели дека за перфектно снимената сцена, на која Роки трча по скалите, е заслужен снимателот Герет Браун. Благодарение на неговиот изум, кој се користи и ден денес во филмската индустрија и по телевизиите, сцената била беспрекорно снимена, без да бидат направени никакви тресења на кадрите.
„Многу интересна фотографија. Камерман за прв пат во филмот „Роки“, користи камера под името „Steady Cam“, која направи тотална револуција во филмската индустрија и која и денеска се користи во 90% од снимањата на филмовите и ТВ емисиите. Сите тие сцени каде јас трчам слободно и каде се качував по скалите, Герет ги сними без никви тресења на кадрите. Камерманот Герет Браун, кој е висок 2.04 метри, трчаше низ скалите и ме следеше во секој чекор. Но, тоа го правеше од страна, додека гледаше во мониторот. Ова не би можело да се сними со конвенционална опрема. Овој мал филм е снимен за 26 дена и тоа беше апсолутно невозможно без Браун и неговиот неверојатен изум“, напиша Сталоне на Инстаграм.