Кање Вест ја шири модната империја

Музичарот Кање Вест се подготвува да го прошири својот бизнис и да создаде свој бренд за убавина. Вест, кој се декларира и како моден дизајнер, ја промовираше својата прва колекција Yeezy во 2015 година. Тој сега сака да ја прошири својата модна империја со производи за убавина и парфеми.

43-годишниот рапер размислува за козметички производи како кармин, коректор и маскара, но и производи за нега на кожата како лосион, тонер, маски за лице и ексфолијанти. Линијата би вклучувала и парфеми, производи за бањата и телото и нега на косата, како што се шампон, балсам, гел и бои за коса.

Инаку, оваа година, „Форбс“ го стави Вест на листата на милијардери. Неговата модна линија, музичкиот бренд и и недвижниот имот се проценети на 1,3 милијарди долари.

Scroll to Top