Популарниот американски рапер Кание Вест, не ја сака во близина неговата сопруга Ким Кардашијан додека тој е со децата, пишуваат американските медиуми.
Деновиве двојката го сврте вниманието кон себе, откако и двајцата најавија дека ќе се разведуваат по седум години брак. Двојката за тоа време ги доби четири деца. Сега, како што пренесуваат медиуми пејачот ја замолил Ким да не биде присутна, кога тој се дружи со децата.
Тој испратил барање, во кое посочува дека со нив може да биде само дадилката. Кардашијан се согласила на неговото барање.
„Ким знае дека тој ги сака децата, а и тие го сакаат него. Кание може да им се јави кога ќе посака“, изјаил извор близок до популарната двојка.
Ким пред недела дена поднесе барање за развод преку нејзиниот адвокат. Точниот датум кога и оицијално ќе се разведат, засега не е познат. Наводно и двајцата нема да го оспорат предбрачниот договор кој го потпишале, а споразумно ги договориле и другите услови од разводот.
Биполарното пореметување на Кание и неговата ментална состојба, нема да влијаат на старателството на ќерките Норт и Чикаго и синовите Саинт и Псалм. Кардашијан наводно веќе побарала заедничко правно и физичко старателство над децата.