Кание Вест поднесе барање до судот за да го смени името

Американскиот рапер Кание Вест поднесе барање до Високиот суд во Лос Анџелес за официјално да го промени името. Музичарот повеќе не сака да го користи своето цело име Кание Омари Вест, туку сака да го замени со својот надимак Ye, без средно име и презиме.

Вест вели дека името сака да го смени од лични причини, пренесува „Асошиетед прес“. Агенцијата пренесува дека за да го смени името, тој мора да добие одобрение од судот.

Вест кој на своите налози на социјалните мрежи се претставува како Ye, на „Твитер“ напиша дека сака да го смени името уште од 2018 година, наведувајќи дека иако официјално тој е познат како Кание Вест, тој е Ye. Надимакот беше името на неговиот албум од 2018 година.

Тој во интервјута зборуваше дека покрај тоа што тоа е име кое му се допаѓа, истото може да се најде и на повеќе места во Библијата. За потсетување, Вест се разведе од Ким Кардашијан во февруари годинава и таа не побара да го тргне неговото презиме.

Двоката има четири деца, кои исто така го носат презимето Вест.

 

 

 

Scroll to Top