Канје Вест и го скрши телефонот на фотографка затоа што го снимала

Раперот Канје Вест беше мета на критики заради неговото однесување во последните месеци. Сега повторно бурно реагираше.

Додека одел на кошаркарскиот натпревар на својата ќерка Норт во Лос Анџелес, тој го запрел возилото, излегол и отишол до прозорецот од автомобилот зад него.

Внатре имало жена која го снимала Канје со својот мобилен телефон, за која се испоставило дека е фотограф.

Канје и го грабнал телефонот од раката на жената и го скршил на земја.

Таа го пријавила случајот во полиција.

Новата сопруга на раперот Бјанка цело време била на совозачкото место.

Ова не е прв пат Канје Вест да ги нападне папараците, а два пати и ги претепа

Scroll to Top