Американскиот рапер Канје Вест ги негираше шекулациите дека добива пари од Републиканската партија за да се кандидира на претседателските избори. Тој вели дека пари не му се потребни и дека е побогат и од актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Тој вели дека слушнал трачеви дека е во договор со Републиканците за престојните избори. Тој негирал дека неговата кампања е измама и дека била само со цел да се привлечат повеќе гласачи и приврзаници на Џо Бајден, кој е член на Демократската партија.
„Мене никој не може да ме плати. Имам повеќе пари од Трамп“, вели Вест.
Канје е милијардер, но според податоците кои се достапни на интернет, тој тежи околу 1,3 милијарди долари, додека богатството на Доналд Трамп се проценува на 2,1 милијарда долари.