Кара Делавиљ пробала да се самоубие

Познатата манекенка Кара Делевињ призна дека пред во детството пробала да се самоубие. Таа во интервју за „Вог“ раскажала дека во детството била склона кон самоубиство, па во една прилика пред другарките неколкупати силно си ја удирала главата од дрво за да се ослободи од негативните чувства, а со надеж дека ќе ја искрши.

„Никогаш не сум ги пресекла вените, но толку се гребев што крварев. Во еден момент ми падна на памет дека треба да се убијам. И смислив дека ќе биде најболно ако си ја удирам главата силно во нешто. Другарките ме сопреа. Неколку години подоцна посакав да се убијам уште еднаш, ама се запрашав дали се сакам ваква каква што сум или ми е попривлечна идејата да умрам. И додека размислував, на радио почна да свири песна од мој покоен другар кој почина од голема доза хероин. Тоа беше предупредување од него. Толку бев бесна на себе во тие моменти“, рекла Кара во интервјуто.

Познатата манекенка во јавноста е позната по својот темперамент и честите испади со папараците што ја следат.

Scroll to Top