Кара Делавињ и Ешли Бенсон раскинаа по две години

Британската манекенка Кара Делавињ и глумицата Ешли Бенсон, позната од серијата „Слатки мали лажги“, раскинаа по две години врска, пишуваат американските медиуми. Двете девојки ги избришале заедничките слики од социјалните мрежи, а во карантин се со своите пријатели.

Кара и Ешли се запознаа на снимањето на филмот „Нејзиниот мирис“. Неколку месеци беа пријателки, а потоа почнаа врска. Дека се заедно, објавија една година подоцна. Во медиумите се пишуваше и дека се вериле, а некои дури и тврдеа дека девојките се венчале лани летото во Франција. Ова никогаш не го потврдија ни Ешли ни Кара.

Scroll to Top