Карди Би ја натепа љубовницата на својот маж

Популарната раперка Карди Би е уапсена поради тепачка во стриптиз-бар, пишуваат американските медиуми. Причината за тепачката биле гшпекулациите дека една од келнерките што работеле во барот каде што настапила раперката имала афера со нејзиниот сопруг Оф-Сет.

Според очевидците, Карди Би имала настап со својот колега Мингос. Кога ја здогледала келнерката за која се сомневала дека се гледа со нејзиниот маж, им рекла на телохранителите да ја нападнат со шишиња, столчиња и наргилиња. Таа и уште една келнерка биле повредени, но одбиле медицинска помош.

Раперката е обвинета за напад и нарушување на редот и мирот и денес ќе биде изведена пред судија.

 

Scroll to Top