Карди Би претепала келнерка во стриптиз клуб, ја казнија 15 дена општествено корисна работа

Американската раперка Карди Би, претепала келнерка во стриптиз бар, па за казна добила 15 дена добротворна работа. Пејачката ја призна вината за две казнени дела, за да избегне судење и казна затвор, пренесе BBC.

Осудена е на 15 дена добротворна работа, додека десет други обвиненија против неа се отфрлени.

„Во минатото донесов некои лоши одлуки со кои не се плашам да се соочам и да ги признаам“, рече Карди.

На судијата му призна дека организирала и учествувала во два напади на вработени во ноќниот клуб Angels во Њујорк во 2018 година. Според властите тепачката се случила по претходна расправа со две сестри, од кои едната од нив била во врска со нејзиниот маж раперот Офсет.

Обвинителите рекоа дека првата ноќ Карди и нејзината придружба ја удриле келнерката, ја влечеле за коса и ја удирале главата од барот. Две недели подоцна, се вратиле и фрлале шишиња алкохол и наргиле кон сестра ѝ.

Карди ги потврдила деталите на суд и признала дека ѝ понудила пари на нејзина пријателка преку „Инстаграм“ за да ѝ помогне во судскиот процес.

Покрај општествено корисна работа, на раперката ѝ беше наредено да се држи настрана од жртвите три години. Таа ја прифати спогодбата еден ден пред да биде закажан случајот на суд.

Scroll to Top