Карлос Алкараз три години е во љубовна врска со шпанската тенисерка Марија Гонзалес Хименез

Карлос Алкараз е единствениот тенисер кој успеа да го запре Новак Ѓоковиќ освојувајќи ја титулата на Вимблдон. Тој го привлече вниманието со својот изглед и борбен стил на тенискиот терен и многумина му гарантираат светла иднина во светот на тенисот.

Она за што малку се зборува е неговиот љубовен живот.

Ако им се верува на таблоидите, од 2021 година Алкараз наводно е во врска со својата колешка и сонародничка Марија Гонзалес Хименез.

Во шпанските медиуми Марија понекогаш ја нарекуваат и Чиска – по сопругата и љубовта на Рафа од раната младост, Марија Франчиска Перељо, со која тврдат дека има неодолива сличност.

Марија тренира тенис уште од мала и настапува за тенискиот клуб Мурсија, а токму таму и самиот Алкараз ги направил првите чекори.

Инаку, Марија добива се повеќе следбеници на Инстаграм, а според оние кои ја следат нејзината кариера, причината не се нејзините тениски успеси, туку славата на нејзиниот партнер.

Scroll to Top