Шпанецот Карлос Марин, пејачот на популарниот класичен квартет „Ил Диво“, почина вчера на 53 години во Кралската болница во Манчестер. Според официјалното известување за неговата смрт, тој починал како последица од коронавирусот.
Марин бил хоспитализиран овој месец за време на новогодишната турнеја во Велика Британија, откако му се слошило на 7 декември, по што бил ставен во медицинска индуктивна кома. Како што Би-би-си пренесува, во тој момент не му била прецизирана болеста.
Останатите членови од вокалната група исто така ја објавија веста за смртта на нивниот пријател на својата веб-страница во неделата вечерта.