Минатата недела Каролина Херера официјално објави дека се повлекува од модата. Таа вчеравечер ја имаше последната ревија како главен дизајнер на сопствениот бренд.
Модната куќа на Херера е основана 1980 година. Неа ќе ја преземе Вес Гордон кој ќе создава свои колекции. На 79-годишна возраст, Херера беше една од последните основачи-дизајнери на модни куќи. Последниот што остана да креира е Ралф Лорен.
Новите дизајни се комбинација од спортско и елегантно, а Херера повторно комбинира бела кошула или топ со црно здолниште или панталони.