Девојката на шпанскиот голман Икер Касиљас, Сара Карбонеро објави на социјалните мрежи дека повторно се соочуваат со нова животна драма, откако нејзините лекари и дијагностицирале малиген тумор.
Сара сподели дека семејството сеуште се нема опоравено од незгодата која голманот на Порто ја доживеа на неговиот последен тренинг и дека животот повторно и донесе непријатно изненадување.
„Се уште се немавме опоравено од стравот, а животот повторно ни донесе изненадување. Овојпат преку мене, зборот од шест букви што се уште се мачам да го напишам. Пред неколку дена бев на преглед и докторот ми откри малиген тумор. Веднаш бев оперирана, хируршкиот зафат мина многу добро и за среќа болеста беше забележана во рана фаза. Се уште ме очекуваат неколку месеци борба, продолжувам со третманите и убедена сум дека се ќе се заврши добро, дека ќе има хепиенд. Сметам на поддршката од семејството и пријателите и фантастичниот медицински тим“, напиша Сара Карбонеро на Инстаграм.
Легендарниот голман на Порто и на шпанската репрезентација Икер Касиљас, се уште заздравува од срцевиот удар кој неодамна го доживеа, а сега се соочува со нова животна драма.