Казна затвор за актерката Лори Лохлин

Актерката Лори Лохлин, ѕвезда на серијата „Полна куќа“, доби казна затвор во времетраење од два месеца за учество во скандалот со запишување на ќерка си на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лохлин и нејзиниот сопруг Мосимо Џијанули се обиделе да избегнат тужба за поткуп, но обвинителството, а потоа и судот во Калифорнија, не ги отфрлиле обвиненијата.

Холивудската актерка е осудена на два месеца затвор, а нејзиниот сопруг на пет месеци, а потоа и на две години надгледување кога Лохлин ќе мора да одработи 100 часа општествено корисна работа и да плати глоба од 150.000 американски долари.

Нејзиниот сопруг Мосимо Џијанули, пак, ќе мора да одработи и 250 часа корисна работа во заедницата и да плати глоба од 250.000 американски долари по издржување на затворската казна од пет месеци.

Брачната двојка е должна да се пријави кај затворските власти на 19 ноември до 14 часот за издржување на казната.

Судот ги осуди за тоа што се согласиле да го поткупат Вилијам Рик Сингер со половина милион долари, кој обезбедил нивната ќерка да ги фалсификува и препише точните одговори на тестот за упис на факултетот.

Scroll to Top