Ќе се снима филм за животот на Џорџ Мајкл седум години по смртта на пејачот

Ќе се снима биографски филм за пејачот Џорџ Мајкл, а ќе го глуми актерот Тео Џејмс, пишува Дејли меил. Сценариото е во завршна фаза, пренесуваат американските медиуми.

Снимањето на филмот за Џорџ Мајкл било одобрено од неговото семејство откако го виделе колкав успехот постигнале биографските филмови за Елтон Џон и Фреди Меркјури. Филмот ќе ја следи кариерата на пејачот од групата Wham! на неговиот успех како соло уметник со хитови како Careless Whisper.

„Сценариото е во завршна фаза и продуцентите го бараат главниот актер. Најчесто споменувано име е Тео Џејмс, дека тој би бил совршен за улогата”, изјавил изворот.

Џејмс, како и Џорџ, има грчко потекло. Неговиот дедо Никос избегал од Атина во 1941 година. Џејмс се прослави со улогата во серијата White Lotus.

Scroll to Top