Ќе се снима римејк на „Телохранител“, култниот филм со Витни Хјустон и Кевин Костнер

Студиото „Ворнер брадрс“ ќе снима римејк на култниот филм „Телохранител“ со Витни Хјустон и Кевин Костнер.

Сценариото за новиот филм е во завршна фаза, а продуцентите за сега не откриваат кој ќе глуми во главните улоги. Американските медиуми за сега пишуваат дека тоа би можеле да се Крис Хемсворт со Теса Томпсон или Ченинг Тејтум со Карди Б.

„Телохранител“ беше премиерно прикажан во 1992 година и заработи 400 милиони во кината. Музиката од филмот се најде на листата на најпопуларна филмска музика на сите времиња.

Scroll to Top