Ќе се снима втор дел на „Близнаци” култниот филм со Шварценегер и Де Вито

Поминаа 33 години откако во кината се појави комедијата „Близнаци“ со Арнолд Шварценегер и Дени де Вито и сега конечно ќе се снима и продолжението „Тројка“, со нов член во составот – Афроамериканецот Трејси Морган. Тој ќе го игра долго загубениот трет брат на Џулијан (Шварценегер) и Винсент (Де Вито), а филмот пак ќе го режира Ајван Рајтман

Снимањето треба да почне во јануари во Бостон. Оригиналната класика од 1988 година го следеше животот на ликот на Шварценегер, физички „совршен“, но „социјално наивен“ човек кој го наоѓа својот одамна изгубен брат близнак (Де Вито).

„Близнаци“ е петтиот најпрофитабилен филм од 1988 година. Комедијата заработи 111,9 милиони долари во САД и 216,6 милиони долари низ целиот свет.

За „Тројка“ (Triplets), се зборува веќе неколку години, а првично, Еди Марфи требаше да биде „третиот брат”.

Scroll to Top