Ќе се жени Ричар Гир

Глумецот Ричард Гир (69) и новинарката Алехандра Силва (35) се во врска четири години. Се запознале во луксузниот италијански хотел што таа го купила со својот поранешен сопруг. Свадбата е веќе закажана и ќе се случи на 5 мај во Вашингтон, пишува шпанскиот дневен весник „АБЦ“.

Гир и Силва не ја потврдија свршувачката иако за тоа се шпекулираше уште во ноември лани, кога новинарката почнала да носи дијамантски прстен.

Алехандра е ќерка на поранешниот потпретседател на шпанскиот фудбалски клуб „Реал Мадрид“, Игнацио Силва. Таа од првиот брак со геологот Говиндо Фридленд го има шестгодишниот син Алберто.

Ова за Гир ќе биде трет брак. Тој беше во брак со супермоделот Синди Крафорд, па со актерката Кери Ловел. Со Кери го има 18-годишниот син Хомер Џејмс Џејми.

Scroll to Top