Ќе се жени Сајмон Кауел по осум години врска со Лорен Силверман

Познатиот член на жирито на „Britain’s God Talent“ и „America’s Got Talent“, Сајмон Кауел, следниот месец ќе се жени со својата свршеница Лорен Силверман која ја запроси пред пет месеци.

Свадбата на Сајмон и Лорен ќе се одржи во Лондон. Во интервју за „Д сан“ , тој открива дека избегнува да биде дел од организацијата на свадбата и дека е практичен младоженец. Не го сака планирањето, бидејќи како што вели не сака да има недоразбирања со Лорен околу тоа.

По 8-годишна љубовна врска, Сајмон Кауел ѝ предложи брак на Лорен Силверман во јануари оваа година. Тие се верија на божиќно патување во Барбадос, каде што првпат се запознале. Британецот, кој во минатото изјавуваше дека не верува во брак, ја запроси Лорен пред нивниот 7-годишен син Ерик и 16-годишниот син на Лорен, Адам.

Scroll to Top