Кејт е загрижена за Вилијам, го моли да посети психолог

Војвотката Кејт Мидлтон е загрижена за здравјето на својот сопруг, принцот Вилијам. Магазинот Globe, повикувајќи се на извори блиски до кралското семејство, пишува дека таа го молела да побара стручна психолошка помош.

„Иако изгледа смирено во јавноста, Вилијам е под голем стрес. Тој се бори со физички и ментални проблеми, а Кејт е таа што го моли да побара професионална помош“, открил извор близок до кралското семејство.

Тој вели дека големи проблеми му предизвикале Хари и Меган, кои минатата година си заминаа од палатата. Дополнителен притисок му правел и срамот што на кралското семејство му го приреди принцот Ендру со скандалот со педофилот Џефри Епштајн.

„Хари годинава откри и дека боледува од ретка и тешко излечлива болест, а тоа само ѝ предизвика дополнителни главоболки на Кејт“, дополнил изворот.

Тој вели дека иако двајцата ги извршуваат своите кралски должности и во јавноста изгледаат мирни, двајцата доживуваат вистински хорор во палатата.

„Кејт е очајна. Таа не сака да остане без сопругот и таткото на нивните три деца. Таа е загрижена затоа што Вилијам не спие многу и станува послаб. Речиси е без апетит“, открил изворот.

 

Scroll to Top