Холивудската глумица Кејт Хадсон во интервју откри дека сака да роди четврто дете. Таа вели дека има четиригодишно, но и дете кое оди на факултет, ама тоа не значи дека не сака уште еднаш да стане мајка.
„Не знам дали завршив со тоа. Знаете, сè уште немам одговор на тоа прашање. Отсекогаш мислев дека ќе имам четири до шест деца. Во еден момент мислев ‘можеби завршив’. А потоа го запознав Дени и решив дека морам да родам уште едно дете поради него“, рекла Кејт.
Хадсон и Дени Фуџикава ја добија ќерката Рани Роуз во октомври 2018 година, а се свршија лани во септември. Кејт го има синот Рајдер (18) со поранешниот сопруг Крис Робинсон, со кој беше во брак од 2000 до 2007 година и синот Бингам (11) со нејзиниот поранешен вереник Мет Белами.
„Можеби однадвор не изгледа традиционално, но внатре се чувствувам како да ‘растураме’. Тој сојуз што го создадов со три деца и три различни татковци е неверојатно силен и наш“, рекла Хадсон и додала дека сака на Дени да му роди син.