Кејт и Вилијам бараат човек што ќе им ги работи социјалните мрежи

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон бараат човек кој ќе објавува постови на нивните социјални мрежи. Огласот го објавија на официјалната страница на кралското семејство.

Досега се пријавиле голем број кандидати. Кејт и Вилијам рекоа дека бараат лице кое ќе биде ангажирано да работи на профилите на „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Фејсбук“ и „Твитер“.

Од кандидатот се бара да биде креативен и способен и да знае да се снајде со чувствителни информации во секој момент. Кандидатите мора да имаат и знаење за да пишуваат одредени текстови и содржини.

Во огласот е наведено дека работното време е 38 часа неделно. Лицето кое ќе биде избрано ќе му биде доделена титула менаџер со дигитални комуникации. Исто така е наведено дека е пожелно искуство во водење на профили со сличен опсег на публика.

„Ова е возбудлива можност да му се приклучите на тимот за комуникација за да ја обликувате и дефинирате дигиталната стратегија на домаќинството“, се вели во огласот.

Платата не е објавена, но за слични позиции во кралското семејство се плаќаа и до 50 илјади фунти годишно, пренесоа британските медиуми.

Scroll to Top