Кејт и Вилијам два часа заглавени во авион над Пакистан

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (37) и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам (37), доживеале вистинска драма за време на постета на Пакистан. Авионот со кој летале влегол во невреме поради што морале да останат два часа во воздух. Самиот лет требало да трае само 25 минути. Авионот двапати не можел да слета во Исламабад, па затоа морале принудно слетаат во Лахоре.

Еден патник во авионот изјавил дека станувало збор за мошне непријатно невреме. Новинарот кој бил во авионот изјавил дека околу нив блескале молњи. Принцот Вилијам го прашал екипажот дали е сè во ред и се пошегувал: „Јас сум пилотирал!“.

Вилијам порано возеше хеликоптер за спасување.

Ова е прва посета на членовите на британското кралско семејство на Пакистан од 2006 година кога земјата ја посетија принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Scroll to Top