Кејт Мидлтон со фустанот покажа почит кон принцезата Дајана

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера се породи со третото дете. Таа и принцот Вилијам веќе ги имаат синот Џорџ (4) и ќеркичката Шарлот (2).

Како што налага традицијата на кралското семејство, Кејт заедно со сопругот неколку часа по породувањето излезе во јавноста за да го покаже принцот. „Дејли мејл“ пренесе дека војвотката неодоливо наликувала на принцезата Дајана, покојната мајка на Вилијам, облечена многу слично како и принцезата кога го покажуваше новиот принц.

И Дајана тогаш носела црвен фустан со бела јака, додека бебето било завиено во бело платно.

Scroll to Top