Кејт Мидлтон како инспирација: 10 начини да изгледате одлично облечени во сино

Институтот за бои Пантон минатата година откри дека 2020 ќе ја одбележи класичната сина боја (Classic Blue 19-4052), современа и елегантна нијанса. Дека оваа боја може да биде елегантна, повеќе пати во текот на годината докажа и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која на разни случувања бираше комбинации во оваа класична сина боја.

Таа е и една од нејзините најомилени бои, а симболизира самодоверба и стабилност. Сината е класична кралска боја, како и бојата на нејзиниот веренички прстен. Исто така, за сината боја се одлучи и кога принцот Вилијам и таа ја објавија својата веридба.

Ова се десет комбинации кои ги носеше Кејт во текот на минатите неколку години.

Scroll to Top