Kејт Мидлтон примена во болницa каде се очекува да се породи по третпат

Од Кенсингтонската палата соопштиле дека војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон утрово добила породилни болки и е примена во болницата „Света Мери“ во Падингтон.

Кејт и Вилијам од Кенсингтонската палата дошле со автомобил во болница, се додава во соопштението. Војвотката од Кембриџ се породила во истата болница и претходните двапати, кога го родила принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (2). Во истата болница се родени и принцевите Вилијам и Хари.

Кејт последен пат во јавноста се појавила на 22 март, кога со Вилијам го посетила Олимпискиот парк.

Ова е трето кралско бебе и ќе го заземе своето место во наследната линија за тронот во Обединетото Кралство.

Scroll to Top