Кејт Мидлтон се скарала со кралицата Елизабета уште на денот на венчавката

Британските медиуми објавија дека принцезата Кејт Мидлтон одбила да ја послуша британската кралица Елизабета II и да прекрши едно од кралските правила на денот на нејзината венчавка со принцот Вилијан.

Кејт инсистирала косата да и биде спуштена, затоа што тоа и била најдрага фризура. Таа не сакала да ги испочитува кралските правила кои налагале принцезата на венчавката да носи подигната коса.

И покрај инсистирањето на кралските фризери, да одбере една од опциите со подигната коса, Кејт цврсто стоела на својот став. Со тоа сопругата на принцот Вилијам за прв пат не ја послушала кралицата.

На крајот сепак британските медиуми пишуваат дека се дошло до компромис и Кејт малку ја имала подигната косата, додека останатиот дел и бил спуштен. За разлика од неа, Меган Маркл се покори на ова правило.

WINDSOR, ENGLAND – MAY 19: Prince Harry and Meghan Markle stand at the altar at St George’s Chapel on May 19, 2018 in Windsor, England. (Photo by Owen Humphreys – WPA Pool/Getty Images)

Сопругата на принцот Хари на денот на својата венчавка имала подигната коса. Преку кралските правила, британското кралско семејство се обидува да ги контролира животите на своите членови.

Освен што често се меша во нивните бракови, пријателства и однесувања, кралицата одредува и најбанални работи, па дури и за тоа како ќе изгледаат фризурите на принцезите на денот на нивните венчавки.

 

Scroll to Top