Кејт Мос и Линда Евангелиста повторно заедно на Модната недела во Њујорк

Модна недела во Њујорк ја одбележаа многу настани, а еден од нив беше фотосесијата на Линда Евагелиста и нејзината колешка Кејт Мос. На социјалните мрежи се појавија и фотографии од двата модела, кои беа актуелни во 90-тите години на модната писта.

dobivaj vesti na viber

Линда Евангелиста и Кејт Мос присуствуваа на годинешната Модна недела во Њујорк. Линда враќањето го направи во јули оваа година кога ја красеше промотивната кампања на брендот „Фенди“, а подоцна се појави и на насловната страница на магазинот „Вог“. Со овој потфат, по 15 години отсуство од центарот на вниманието на модните ревии, Линда се врати на својата прва љубов, манекенството и модните писти.

Да потсетиме, Линда Евангелиста се повлече од модните ревии пред 15 години бидејќи трајно го си го деформира своето лице со козметички корекции. Поради драстичната промена на нејзиниот препознатлив изглед, кој ги красеше насловните страници на многу реномирани списанија во деведесеттите, Линда имаше напади на анксиозност, кои дополнително доведоа до депресија, но и до дебелеење. Таа подоцна даде ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“, во кое објасни што всушност се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InStyle Deutschland (@instylegermany)

Scroll to Top