Кејт Мос потрошила 800.000 евра на кокаин

Британскиот супермодел Кејт Мос (45) на 22 години почнала да зема кокаин, а станала толку зависна, што во еден период го вшмркувала дрога на неколку минути. Таа земала кокаин десет години и за него потрошила околу 800.000 евра, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на нејзиниот пријател Гевин Мајзл.

Гевин, кој во модната индустрија е познат како „ловец на манекенки“, со Кејт се дружел долги години. Честопати заедно оделе на журки, но и во клубови каде што Гевин наоѓал девојки кои сакале да бидат модели.

„Секојпат кога се гледавме, таа беше издрогирана. Дрогирана отиде и на забавата на претседателот Нелсон Мандела 1998 година. Пред да тргнеме, вшмрка 4 линии во хотелската соба во Кејп Таун, а потоа ми рече дека е спремна за забава. Потоа се дрогираше и во тоалетот во неговата вила додека траеше забавата“, изјавил Гевин.

Популарната манекенка, која во текот на кариерата сликаше со најдобрите светски фотографи и позираше за насловните страници на најпопуларните списанија, почна да губи работа откако ја фатија како се дрогира во едно музичко студио. Повеќето компании со кои работеше ги раскинаа милионските договорите со неа, па таа отиде на лекување во клиника во Аризона, САД.

Откако излезе од клиниката, во интервју раскажа дека никогаш во животот не користела хероин и дека не се смета себеси за наркоманка.

„Едно време се продаваа маици со напис ‘Кејт е наркоманка’, а мене ми се случуваа ужасни работи. Сега живеам нов живот“, изјави таа неодамна.

За потсетување, во 2027 година, некогашниот супермодел беше на лекување од алкохол на Тајланд. Таа, наводно, решила да се лекува затоа што сакала вторпат да стане мајка. Инаку, Кејт ја има ќерката Лили Грејс од бракот со Џеферсон Хак. Во моментов е во врска со 13 години помладиот Николај вон Бизмарк.

Scroll to Top