Кејт Винслет: Многу холивудски актери се плашат да признаат дека се геј

Актерката Кејт Винслет во последното интервју вели дека познава најмалку четири холивудски ѕвезди кои се плашат јавно да кажат дека се хомосексуалци. Таа ја нарече филмската индустрија „осудувачка, дискриминаторска и хомофобична“, откако неодамна, познат актер му признал на својот агент дека е бисексуалец, а агентот му рекол дека треба да молчи.

„Можам веднаш да се сетам на барем четири актери кои ја кријат својата сексуалност. Тоа е болно, затоа што се плашат дека луѓето ќе го дознаат тоа и ќе ги осудуваат“, рекла ѕвездата на „Титаник“.

Таа во новиот филм „Емонит“ глуми лезбијка и има љубовни сцени со актерката Саорајс Ронан.

„За мене е неверојатно колку луѓето се фокусираат на љубовните сцени во филмот затоа што во нив има две жени. Искрено, никогаш толку не ме прашувале за секс-сцените од другите филмови, а сум снимила многу,“ рекла таа.

Scroll to Top