Глумицата Кејти Холмс чека дете со новиот дечко, пишуваат светските таблоиди. Кејти веќе некое време е заљубена во својот осум години помлад дечко и готвач Емилио Витоло.
Таа не крие дека ужива во секој момент поминат со него. Двајцата неколкупати се снимени во јавност како разменуваат нежности, а сега во јавноста се шушка дека планираат да влезат и во брак. National Enquirer оди и еден чекор понатаму тврдејќи дека глумицата е бремена.
Според неговите пишувања, двојката очекува девојче. Нејзината ќерка Сури набргу ќе добие сестра, открива извор близок до двојката.
„Сури е воодушевена од среќните вести. Со години ја молеше мајка си да ѝ подари помала сестричка“, открива изворот.
Засега Кејт и Емилио се немаат огласено по повод ваквите вести.