Кејти Холмс раскина со девет години помладиот дечко

Актерката Кејти Холмс раскина со својот дечко Емилио Витоло, потврди претставникот за односи со јавност на глумицата. 42-годишната Кејт и 33-годишниот Емилио, кој е сопственик на ресторан, последен пат се појавија заедно во јавноста во февруари по што американските медиуми почнаа да пишуваат дека тие веќе не се заедно.

 

„Кејти и Емилио уживаа во времето што го поминаа заедно, но работите меѓу нив, едноставно не функционираа. И покрај тоа што не се во врска, тие ќе останат пријатели. Кејти се фокусира на својата ќерка и на идните филмски проекти“, стои во соопштението од тимот на Холмс.

Кејти и Емилио беа во врска од есента 2020 година, а некои американски медиуми пишуваа и дека тој ја побарал за жена по само неколку месеци поминати заедно и дека актерката ќе се мажи.

Scroll to Top