Актерката Кејти Холмс се плаши за својата ќерка Сури Круз. Таа стравува дека членови на Скиентолошката црква, во која е и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, ќе ја киднапираат и ќе ја направат нејзин член.
„Кејти и Сури се наразделиви. Секогаш сакаат да бидат заедно. Кејт никогаш не ѝ дозволува на ќерка ѝ да оди некаде сама“, открива извор близок до актерката.
Тој вели дека таа внимава на неа, затоа што знае дека скиентолозите постојано ја следат. Таа се плаши дека Том и неговата заедница ќе направат сè за да ја присвојат Сури во нивната заедница, особено кога тоа ќе стане легално.
Том веќе е еден од високите членови во црквата, па затоа во нивните очи Сури е нешто како месија, смета Кети. Во целата приказна беше вмешана и актерката и поранешна членка на црквата Лија Реимини, која пред два месеца изјави дека Том има намера да ја киднапира ќерка си.
Таа за „Њујорк пост“ раскажа дека многу е веројатно Том да ја киднапира Сури кога таа ќе наполни 15 години, односно следниот април.
Скиентологијата е позната по тоа што верува дека човекот е бесмртно духовно суштество, а Том веќе во неколку ситуации има влезено во конфликт со колеги и познаници кои имале поинакви мислења од неговото.