Кели ги замолкна сите кои ја осудија затоа што не се прости со Дилан

Актерката Џени Гарт, прочуената Кели од серијата „Беверли Хилс“ е единствената која што не се огласи на социјалните мрежи по повод смртта на Лук Пери, а поради тоа беше нападната од голем број на фанови.Од славниот актер со потресни пораки се опростија голем број на луѓе, меѓу кои и неговите колеги. Но Џени по одреден период по смртта на Пери, на Инстаграм ја објави фотографијата на која позира со нејзинте ќерки.

„Единствено на тебе не ти е гајле за Лук“, „Баш кога мислев дека ќе објави нешто за Лук, таа ќе објави фотографија која воопшто не е соодветна во овој момент“, Засрами се Џени“, беа дел од коментарите на фановите.

Лук Пери омилениот актер од серијата почина на 4 март во билницата Сент Џозеф, откако претходно на 27 февруари во својот дом доживеа мозочен удар.

Џени откако ги видела коментарите веднаш во оправдала нејзиниот потег и ги замолила сите да не ја осудуваат однапред и да пишуваат грди коментари.

„Здраво на сите. Одлучив денес да објавам фотографија од моите девојки, затоа што тие се мојот живот. Затоа што денес е ден кога се слави денот на жената. Долго ми требаше да посакам да постирам било што. Размислував за тоа и знам дека тоа би го сакал мојот драг пријател. Неговите деца беа негов живот. Сите кои го познаваа го знаеја тоа. Знаеја и за тоа дека Лук не го интересираa социјалните мрежи, така што ќе ве замолам да не ме осудувате и да пишувате грди коментари. Тоа навистина не е кул. Искрени Џени“, напишала актерката.

 

 

Scroll to Top