Судот во Лос Анџелес ѝ наложи на пејачката Кели Кларксон месечно да му плаќа на својот поранешен маж, Брендон Блексток, 200.000 долари, за издршка за него и за нивните две малолетни деца, Ривер (7) и Ремингтон (5).
Пејачката, текстописец и водителка на „Шоуто на Кели Кларксон“, чиј имот е проценет на 45 милиони долари, месечно заработува по 1.583.000 долари. Сега таа дел од парите мора да ги дава на нејзиниот поранешен маж и менаџер со кого се разведе лани.
Судот од Кларксон бара да плати и 1,25 милиони долари за да ги покрие адвокатските трошоци на Брендон, кои настанале со разводот.
За потсетување, Кларксон се прослави како прва победничка на музичкото шоу „Американски идол“ во 2002 година.