Американската пејачка Кели Роланд, која заедно со Бијонсе беше дел од популарната група „Дестини’с чајлд“, откри детали од времето додека работеле заедно.
Таа вели дека работата со Бијонсе за неа претставувало мачење. Заедно настапувале 13 години, а потоа секоја од трите членки на групата започнале со соло кариера.
Роланд во емисијата „Гласот на Австралија“ се пожали на времето додека живеела, како што таа вели, во сенката на Бијонсе и дека тоа влијаело на нејзината самопочит.
Кели вели дека таквата состојба ја мачела десет години и дека отсекогаш чувствувала терет на грбот. Групата продаде повеќе од 50 милиони примероци од своите цедиња, а се сметаат за една од најуспешните женски групи во историјата.
Менаџер им беше таткото на Бијонсе Метју Ноулс. Кели во својата соло кариера освоила низа на награди, а двапти беше ниминирана за „Греми“ наградите.