Кели Озборн седми пат се пријави во клиника за одвикнување од алкохол

Пејачката Кели Озборн седми пат се пријави во клиника за рехабилитација откога призна дека почнала да пие алкохол по четири години трезвеност. Ќерката на Ози и Шерон Озборн ќе се лекува на клиника во Тексас, пренесе „Радар онлајн“.

Според извор близок до семејството, Кели почнала да пие по скандалот со мајка ѝ во британското шоуто The Тalk, но и фактот што татко ѝ има Паркинсонова болест.

„Скандалот со Шерон и болеста на Ози влијаат на Кели. Нејзините нерви се оштетени и таа е погодена од сето тоа што се случува во семејството, па попушти под притисокот“, рекол анонимен извор за „Радар онлајн“.

За потсетување, Шерон го напушти The Talk во март откога го бранеше Пирс Морган по неговите коментари со кои ја навредуваше Меган Маркл.

„Малку ми е тешко да зборувам за ова, но ви ветив дека секогаш ќе бидам искрена со вас за она што се случува на мојот пат кон закрепнување. Клекнав на колена, не се гордеам со тоа, но се враќам на вистинскиот пат и оваа недела ќе направам емисија за да раскажам за она што ми се случи“, напиша Кели на „Инстаграм“.

Scroll to Top