Кендрик Ламар прв рапер со Пулицерова награда

Раперот Кендрик Ламар ја доби Пулицеровата награда за музика, со што стана првиот некласичен артист кој ја добива престижната награда.

Триесетгодишниот музичар ја доби наградата за неговиот албум „По ѓаволите“, за кој одборот на Пулицер рече дека е „виртуозна колекција на песни со автентична ритмичка динамичност”. Тој ќе добие 15.000 долари.

„По ѓаволите”, објавен на 14 април 2017 година, освои пет Греми награди, меѓу кои за најдобар рап албум и беше на врвот на листите на медиуми како „Ролинг стоун“ и „Би-би-си“.

Ламар е пофален за неговата длабока лирска содржина, политички наелектризирани настапи во живо и неговата мешавина на хип-хоп, џез, соул, фанк, поезија и африкански звуци.

Откако се појави на музичката сцена со албумот „Секшн.80″ во 2011 година, тој постигна совршена комбинација на комерцијална атракција и почит од критичарите.

Scroll to Top