Ќерката на Алек Болдвин нападната и ограбена

Ајралнд Болдвин, ќерката на Алек Болдвин и Ким Басинџер, била нападната на паркинг кога една жена скокнала врз неа и ѝ барала пари. Ајралнд пробала да се одбрани, па добила неколку гребнатини и модринки по лицето. Таа преку Инстаграм раскажа што се случи.

„Вчера доцна попладне бев нападната од жена која беше под дејство на дрога и очајно ѝ требаа пари. Таа ме нападна и ме удри на паркингот, ги зеде моите работи и скокна во автомобилот со кој управуваше маж. Пријавив сè во полиција и таа наскоро беше уапсена. За среќа имав сведоци и полицијата успеа да реагира брзо“, пишува 24-годишната манекенка.

Таа напиша и дека полицијата има сè повеќе работа и дека ситуацијата во која се наоѓаат станува сè почеста, а причината е што луѓето се очајни затоа што многумина ги загубиле своите постојани приходи заради короната.

„Полицијата ми кажа дека ваквите ситуации се случуваат честопати во последно време зашто луѓето очајно бараат пари и поради пандемијата на коронавирус, многумина ги загубија своите работни места. Има многу кражби и провалници. Јас го објавив ова за да ве предупредувам да бидете внимателни и да се грижите за себе. Овие се навистина тешки времиња и треба да се грижиме едни за други“, додава Ајрланд.

https://www.instagram.com/p/CEM0Rden8w_/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top