Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит ја напушта мајка си, сака да живее со својот татко

Тинејџерката ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит (17) , Шајло Џоли Пит наводно се сели да живее кај нејзиниот татко, пишува The Sun.

Се очекува да се пресели во мај кога ќе наполни 18 години.

„Таа не е незадоволна од Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена“, сподели таблоидот.

Освен тоа, таа го обожава Бред и отсекогаш била татино девојче, се додава.

Според изворот, Пит бил пресреќен кога ја слушнал веста. Како што е познато, мајката досега не се обидела да ја спречи.

За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го одбија Бред откако станаа полнолетни.

Захара дури и го отфрли презимето на нејзиниот татко.

Инаку, Шајло е биолошката ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

 

Scroll to Top