Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам е копија на Ана Винтур

Со рамна коса до рамена и рамни шишки, Харпер Бекам, ќерката на Дејвид и Викторија, е копија на Ана Винтур, пишува „Е-њуз“. Семејството Бекам и главната уредничка на „Вог“ присуствуваа на ревијата на која Викторија ја претстави својата најнова колекција есен-зима 2019. Во првиот ред една покрај друга седеа Харпер и Ана Винтур.

Нивната сличност ја забележа и поранешниот фудбалер, кој на Инстаграм сподели нивна заедничка слика. „На која ѝ стои подобро“, напиша тој и самиот остави коментар дека двете се прекрасни.

Scroll to Top