Ајрис Лоу, ќерката на актерот Џад Лоу и Сејди Фрост, стана манекенка. Седумнаесетгодишната Ајрис кариерата како модел ја започнала пред две години. Но, врвот го достигнува во моментот соработувајќи со британската модна куќа „Барбери“.
„Започнав со фотографирање за магазинот ‘Илустрејтед пипл’, а тоа го доживеав како мини снимање. Бев возбудена да видам како ќе изгледаат фотографиите“, рекла таа во интервју за „Дејли мејл“.
Таа е вклучена во кампањата за убавина на „Барбери“. Позната модна куќа ја избрала Ајрис за глобален амбасадор, а кога ја добила работата, изјавила дека се чувствува почестено.
https://www.instagram.com/p/BPvPf-hjl8t/?taken-by=lirisaw