Ќерката на Кејт Мос дебитира на модната писта, ама Британцте ја пукнаа со лоши коментари оти не била како мајка ѝ

Кејт Мос, еден од најдобрите супермодели досега, вчера на Лондонската модна беше во првиот ред додека нејзината ќерка беше модел на модната писта. Кејт и по изразот на лицето не ја криеше гордоста,  додека ја гледаше ќерка си Лила на модната ревија на дизајнерот Ричард Квин.

Прославената 46-годишна манкенка изгледаше одлично во секојдневна, но елегантна облека, комбинирајќи кадифено сако во темно сина боја, бела кошула и фармерки-ѕвонарки во комбинација со кафени чизми.

Манекенката ја доби Лила со директорот на медиумската компанија Џеферсон Хак, а парот се забавуваше од 2001 до 2004 година. Дури и по разделбата, тие останаа во пријателски односи и ѝ обезбедија на ќерката среќно воспитување во присуство на двајцата родители.

 

Интересно е што Лила дебитираше на пистата на 18 години, исто како и Кејт во 1992 година, кога прошета на пролетната модна ревија на брендот Долче и Габана.  Наводно, Мос е целосно фокусирана на кариерата и стилот на нејзината ќерка, и ги ставила во мирување својата работа и кариера . Лила минатиот месец стана заштитно лице на новиот парфем „ Perfect“ со потпис на  Марк Џејкобс.

Дебито на Лила Мос предизвика бурни реакции кај Британците, што не изненадува со оглед на тоа дека Кејт беше британска икона и една од најомилените членови на нивната шоу -бизнис сцена.

Сепак имаше и негативни кометари на од типот „Нејзината ќерка навистина не е ништо посебно“, „Таа е просечна“, „Висока е само 165, како може да биде модел?“, Извини, Кејт, но ќерка ти едноставно нема  харизма, Лила дефинитивно не е материјал за модел, се‘ што има е славна мајка“ се само дел од коментарите на Британците кој вчера не престанаа да пишуваа по ревијата. .

Scroll to Top