Ќерката на Курт Кобејн не го сака наследството од татка си

Френсис Бин Кобејн, ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав, не го сака наследството што го доби по самоубиството на татка си. 26-годишната музичарка во шоуто на Ру Пол откри дека се чувствува неубаво што ги има парите на поранешниот пејач на „Нирвана“.

„Не сум ги заработила. Не се мои. Тоа се пари што ми ги оставил странец кого никогаш не сум го запознала“, рекла Френсис Бин.

Иако Курт Кобејн се самоуби пред околу 25 години, тој месечно заработува повеќе од 95.000 долари од авторските права на музиката што ја направи во времето додека пееше во „Нирвана“. Музиката на култниот бенд и денес е меѓу најпопуларните во светот, иако по смртта на Кобејн престанаа да постојат.

Scroll to Top