Ќерката на Курт Кобејн се венчаше со синот на легендарниот Тони Хок

Во период на развод на холивудската музичка и филмска сцена, ќерката на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, Френсис Бин, и синот на професионалниот скејтбордер Тони Хок, Рајли, се венчаа на почетокот на овој месец во Лос Анџелес, пишува ТМЗ.

Тие добија дозвола за брак во Сан Диего, а церемонијата ја водеше пејачот на американскиот бенд R.E.M., Мајкл Стајп. Тој е и кум на невестата, додека кума и е актерката и водителка Дру Баримор. Таа не им се придружи на венчавката, но обожавателите беа воодушевени од нивната врска од самиот почеток.

„Ако имаат деца, нивните баби и дедовци ќе бидат најголемите икони на 90-тите. Чисто лудило“, „Ќерката на најголемиот фраер од деведесетите излегува со синот на вториот по големина фраер од деведесетите“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Тие ја потврдија врската во јануари 2021 година, кога фотографите ги „фатија“ на вечера со неговите родители Тони и Кетрин Гудман. Покрај тоа, Френсис на почетокот на минатата година на својот Инстаграм профил споделила серија фотографии, а меѓу нив биле и оние со Рајли каде тој се смешка и го гушка нивното куче и една на која се гушкаат на брод.

Иако ова е негов прв брак, Френсис се разведе од музичарот Исаја Силва во 2016 година по помалку од две години брак, по што следеше битка за една од гитарите на Курт. Исаја тврдеше дека гитарата ја добил како свадбен подарок, додека Френсис рече дека никогаш немала намера да му ја даде.

– Курт не би го сакал ова и Кортни (неговата сопруга) нема да дозволи ништо од тоа. Френсис и семејството се подготвени да се борат и ќе победат – изјавил извор близок до семејството.

Две години по разводот, Кортни Лав побарала Исаја да биде подложен на психијатриско испитување. Психијатриската проценка, како што објавија медиумите, е дел од правната битка на почетокот на обидот на Кортни и Френсис да докажат дека Исаја е застрашувачки опседнат со Курт и дека тој наводно верува дека тој е реинкарнација на музичарот.

Scroll to Top