Лурдес Леон, ќерката на Мадона, во интервју за магазинот „Кат“, открила дека пред неколку години во ноќен клуб се степала со девојка која ја навредувала нејзината мајка.
„Јас не сум некој што не ги почитува луѓето или се однесува арогантно, но ако си безобразен со мене, подобро внимавај. Една вечер бев во диско и си ја гледав мојата работа, кога ми пријде една девојка и почна да ме навредува. Во моментот кога го кажа името на мајка ми и почна да ја навредува, ми пукна филмот. Не поддржувам насилство, но не дозволувам никој така да зборува за мајка ми во мое присуство“, вели Лурдес.
Лурдес е најстарата ќерка на Мадона, која ја има од врската со колумбискиот танчер Карлос Леон.