Ќерката на Мајкл Овен ќе се натпреварува во шоу со многу сцени со секс

Ќерката на легендарниот британски фидбалер Мајкл Овен, Џема, ќе влезе во шоуто Love Island, кое е познато по големиот број експлицитни сцени и сцени со секс. Иако за ова се збореше со месеци, таа целиот овој период негираше дека ќе се појави во него.

Таа рече дека се плаши од реакцијата на татко ѝ рече дека нејзиното појавување во шоуто е нешто што нема да му се допадне.

„Го гледам Love Island секое лето, но во моментов тоа не е нешто за што размислувам. Некои од предизвиците кои се појавуваат во шоуто се големи. Не сум сигурна дека би можела да бакнам десетина машки по ред. Но, мислам дека тоа е одлично шоу“, рече Џема.

„Во моментов не размислувам за дечковци и мојот татко нема да биде среќен кога ќе дојдам да му кажам дека ќе влезам во Love Island“, додаде таа.

Нејзиното појавување во шоуто беше потврдено и на официјалната страна на „Твитер“, а Џема призна дека има натпреварувачки дух како и Овен, пренесе британски Sun.

„Би рекла дека сум многу натпреварувачки ориентирана. Секогаш одам кон нешто што го посакувам“, рече Џема.

 

Scroll to Top